Прекин на железницата поради дигитална саботажа
Железничкиот сообраќај во северниот дел на Германија во саботата бил во прекин на три часа поради саботажа, се наведува во соопштението на германската новинска агенција DPA, која го пренесе соопштението на државниот железнички оператор Дојче Бан...

Железничкиот сообраќај во северниот дел на Германија во саботата бил во прекин на три часа поради саботажа, се наведува во соопштението на германската новинска агенција DPA, која го пренесе соопштението на државниот железнички оператор Дојче Бан.
Поради саботажа на каблите, кои се од суштинско значење за железничкиот сообраќај, Дојче бан утрово мораше да го прекине железничкиот сообраќај на речиси три часа – ги цитира dpa зборовите на портпаролот на ДБ.
Прекините сè уште го загрозуваат железничкиот сообраќај низ покраината Долна Саксонија, како и во градовите Бремен и Хамбург, со последици за меѓународниот железнички сообраќај со Данска и Холандија.
