Украинци вложуваат 18 милиони долари во Бунарџик

23.04.2014 15:32

Компанијата “ENERGIA” Ltd. е од Киев, Украина и својата фабрика на површина од 8 хектари ќе ја гради во индустриската зона Бунарџик 2...

Киевската компанија „Енергија“ ќе инвестира 18 милиони долари во Бунарџик и ќе отвори 150 работни места. Веста попладнево ја објави премиерот Груевски на својот Фејсбук -  профил. Вискотехнолошката компанијата за прочистување вода, од Македонија ќе извезува на Блискиот Исток, во Африка и во Америка. Изградбата на фабриката, лоцирана до Ван Хул, почнува годинава, а производството идната.

„Освен овие 150 вработувања, ќе следуваат уште 50 индиректни поврзани со оваа инвестија, но и во други дејности, бидејќи тие се занимиваат и со градежништво, нуклеарна технологија, вселенски активности, значи со високи и софистицирани технологии“, изјави Виктор Мизо, директор на ДТИРЗ.

Компанијата веќе има регистрирано фирма во земјава. Првичниот контакт бил воспоставен во 2009-та година, кога амбасадор во Украина беше актуелниот во Русија.

„Фокусот на работењето на македонската дипломатија остануваат економијата и привлекувањето странски инвестиции. Ова е доказ дека и дипломатијата може да придонесе во привлекувањето странски инвеститори“, изјави Илија Исајловски, амбасадор во Руската Федерација.

Годишниот извоз на компанијата се проценува дека ќе достигне  20 милиони евра. По Константиновски, која планира да вложи 100 милиони долари и да вработи 500 луѓе, за еден месец, ова е втора украинска инвестиција во земјава.

Мартин Пушевски