Македонија
14-годишник од прилепско загина во тешка сообраќајна незгода
08.10.2022 18:23
Тешка сообраќајна несреќа попладнево на патот село Новоселани кон село Заполжани. 14 годишно момче го загуби животот...

Тешка сообраќајна несреќа попладнево на патот село Новоселани кон село Заполжани. 14 годишно момче го загуби животот.
Малолетникот, кој управувал со мотор им подлегнал на повредите откако во него со својот автомобил удрило друго момче на возраст од 18 години.
Како што соопшти МВР во полицискиот билтен, несреќата помеѓу мотоциклот „Шинерај“ и автомобилот „Опел Астра“, и двете со прилепски регистарски ознаки, се случила околу 13.40 часот во селото Новоселани. Возачот на автомобилот, В.Р.(18), избегал од местото, но набргу бил пронајден и приведен.
