Лондон
Поддржувачите на Асанж одржаа протест во Лондон
08.10.2022 18:51
Стотици поддржувачи побараа ослободување на основачот на Викиликс кој од затворот Белмарш треба да боде испорачан на Соединетите Американски Држави...

Следбениците на Џулијан Асанж формираа човечки синџир околу Парламентот во Лондон. Стотици поддржувачи побараа ослободување на основачот на Викиликс кој од затворот Белмарш треба да биде испорачан на Соединетите Американски Држави.
Според сопругата Стела, здравјето на Асанж е нарушено по префрлањето од амбасадата на Еквадор во 2019. Таа смета дека случајот е политички и дека е потребно да се охрабрат британските пратеници да се приклучат на протестот.
Асанж се соочува со казна од 175 години доколку биде екстрадиран на Вашингтон.
