Пензионерите незадоволни од покачувањето
Кумановските пензионери незадоволни од последното покачување на пензиите. Во Здружението постојано пристигаат реакции дека овие лица не можат да одговорат на новите цени на основните продукти. Бараат Владата да ги опфати во антикризните мерки...

Пензионерите од кумановско не се задоволни од висината на зголемување на пензиите. Од Здружението на пензионери информираат дека постојано реагираат нивните членови, бидејќи со ваквото покачување не можат да одговорат на се повисоките цени за храна и основни продукти.
Ако 11 или 12 илјади денари има пензионерот неговата пензија ќе се зголеми за 800 денари, што сметаме е недоволно од сегашната инфлаторна, енергетска, економска криза со која генерално се соочуваме-изјави претседателот на здружението на кумановските пензионери, Благе Јакимовски.
Од Здружението на пензионери Куманово потсетија дека во ковид кризата поделиле 800 ваучери со по 1000 денари за пензионерите со ниски примања. Посетиле и поделиле помош на пензионерите во поодминати години оние над 95 години кои не можат да се грижат за себе. Бараат Владата да најде начин и да им помогне на овие граѓани.
Час поскоро Владата ќе мора да најде начин преку новите антикризни мерки и да им помогне на нашите пензионери, ќе најдат некоја формула да им помогнат на пензионерите со ниски примања-дополни Јакимовски.
Кумановските пензионери со ниски примања, до 13.000 денари од наредниот месец ќе можат да користат и бесплатен општински превоз.
Елена Георгиевска
