Бесплатни ехо прегледи со цел рано откривање на рак на дојката
Самопрегледи и итна посета на доктор специјалист, ако се открие и најмал симптом на рак на дојката, советуваат здравствените работници. По повод октомври, Светскиот месец на борба против ракот на дојката, во Здружението на пензионери во Тетово, започнати се бесплатни ехо прегледи, со цел рано откривање на оваа болест...

Ракот на дојката зема замав кај женската популација. Последниве неколку месеци статистиката е катастрофална. На над 90% од прегледаните, им открив малигно заболување на дојката, вели д-р Павле Спасеновски.
Свесноста на населението за оваа болест се зголемува, потенцира доктор Спасеновски. Но има и такви кои доаѓаат доцна на доктор. Самопрегледите се најдобра превентива и тоа треба да го практикува секој жена.
Ракот на дојката се почесто се дијагностицира и кај помладата популација.
Зоран Димовски
