Северна Кореја

Северна Кореја истрела две ракети по воените вежби на САД и Јужна Кореја

09.10.2022 12:48

Северна Кореја синоќа истрела два балистички проектила в море, седми пат во период од две недели – соопшти јапонската Влада...

Северна Кореја синоќа истрела два балистички проектила в море, седми пат во период од две недели – соопшти јапонската Влада.

Американската војска изјави дека соработува со сојузниците по последната проба, која според нив, не претставува опасност за нивните трупи во регионот.

Лансирањето се случи само неколку часа по крајот на заеднички воени вежби на јужна Кореја и САД во кои учествуваше и американскиот носач на авиони на нуклеарен погон „Реган“.