Франција
Редици на бензиските пумпи во Франција, возачите полнат гориво во Белгија
09.10.2022 12:53
Синдикатите првично најавија тридневен штрајк, барајќи зголемување на платите за 10 насто, како и индексирање на платите за годинава, за да се совпадне со рекордната инфлација...

Редици на бензиските пумпи во Франција, поради штрајк на вработените во компанијата „Тоталенерџиз“. Возачите полнат гориво во Белгија.
Синдикатите првично најавија тридневен штрајк, барајќи зголемување на платите за 10 насто, како и индексирање на платите за годинава, за да се совпадне со рекордната инфлација, но штрајкот е продолжен на неопределено време.
