Мексико

Тинејџери затруени од непозната супстанца

09.10.2022 13:06

Најмалку 50-тина ученици се отруени со непозната супстанца во средно училиште во јужната мексиканска држава Чиапас, соопштија локалните власти. Ова е трето масовно труење во училиште во изминатите две недели, што предизвика страв и гнев кај учениците и кај нивните родители...

Најмалку 50-тина ученици се отруени со непозната супстанца во средно училиште во јужната мексиканска држава Чиапас, соопштија локалните власти. Ова е трето масовно труење во училиште во изминатите две недели, што предизвика страв и гнев кај учениците и кај нивните родители.

Еден од учениците е во деликатна состојба и е префрлен во болница, додека состојбата на другите е стабилна, соопштија од институтот за социјално осигурување.

Властите одбија да шпекулираат што го предизвикало труењето, но, дел од родителите се сомневаат дека учениците дошле во контакт со загадена вода или храна.