Забрана за клубови со провокативни имиња
Никогаш нема да дозволиме некој некогашен окупатор да ги негира своите недела и историски факти од НОБ. Од државните власти бараме да не дозволуваат опстојување на постојните и отворање на нови бугарски клубови кои носат имиња на непопуларни личности од оваа историја порачаа од Битолскиот сојуз на борците кој денеска во организација со Министерството за култура го одржаа првиот од низата настани поврзан со чествувањето на 11-ти Октомври...

За два дена е 11-ти Октомври денот на Народното востание. Ден кога им одаваме почит на сите оние кои ги положија животите за нашата слобода и државност. Не смееме да ги заборавиме храбрите дела на хероите, солзите на мајките и нивните деца. Уште помалку ќе дозволиме сјајот на овој светол празник да избледнее под притисокот на оние кои биле директни учесници во окупацијата а сега се обидуваат да ги негираат историските факти порачаа организаторите на првото од низата планирани чествувања.
Од Битолскиот сојуз на борците посебно се згрозени од притисоците што се прават преку отворањето на бугарски клубови во нашите градови
Бошков вели дека како сојуз од поодамна си го кажале и ставот по однос на менувањето на некои историски факти во учебниците бидејќи без точна историја нема ниту идентитет. А дека основците засега ги владеат они вистински факти покажаа и трите наградени состави на училишниот конкурс „Пламенот наш Октомвриски вечно гори“
Стевче Митревски
