Велес

Четириметарска пастрмајлија- рекорд на „Питијада“

09.10.2022 17:39

И годинава на велешката Питијада се постави нов рекорд во големината на џиновската пастрмајлија, таа беше долга четири метри. Од средствата собрани од неа, со парите ќе се купат хуманитарни пакети за социјално ранливите категории. На Питијадата имаше и изложба на олдтајмери...

На велешката Питијада годинава повторно се, подготви џиновска пастрмајлија која го сруши рекордот од пред три години. Долга е четири метри и за подготовка и печење, на мајсторите им требале три часа. Од нејзината продажба, се собраа 3.200 денари кои ќе бидат наменети за хуманитарни пакети за социјално ранливите категории.

На годинашнава Питијада, дел од содржините беше и изложбата на стари автомобили во возна состојба. Најголемо внимание привлекоа два олдтајмери. Најстаро возило беше „опел капитан“ произведен 1941 сопственост на Љупчо Трајковски до Скопје, моделот е произведуван од 1938 до 1950, во 25.476 примероци. Вториот беше сопственост на Александар Мирчевски, кој иако тинејџер ја продолжува семејната традиција, од неговиот татко Борче Мирчевски. Се претстави со редок автомобил од серијата „пежо503“ произведен 1951 година.

Годинашната Питијада се одржа по три години пауза и собра бројни гости, кои по Ковид пандемијата, имаа потреба од дружење и забава.

Петар Печков