ОН

Министерот Спасовски во Обединетите нации во Женева

09.10.2022 18:23

Во текот на следните два дена министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ќе учествува со свое обраќање на 73. редовна Сесија на Извршниот комитет на Програмата на Високиот комесар за бегалци на Обединетите нации во Женева-Швајцарска Конфедерација...

Во текот на следните два дена министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ќе учествува со свое обраќање на 73. редовна Сесија на Извршниот комитет на Програмата на Високиот комесар за бегалци на Обединетите нации во Женева-Швајцарска Конфедерација.

На маргините од Сесијата, министерот Спасовски ќе оствари две билатерални средби, и тоа со Филипо Гранди, Високиот комесар за бегалци на Обединетите нации, и со Антонио Виторино, Генерален директор на ИОМ (Меѓународна организација за миграција).

Министерот Спасовски ќе присуствува и на доделувањето на Наградата за бегалци „Нансен“-чијшто добитник оваа година е поранешната Канцеларка на Сојузна Република Германија, Ангела Меркел.