Австрија

Ван дер Белен победник во првиот круг од претседателските избори во Австрија

09.10.2022 19:49

Според првите изборни проекции на австрискиот јавен сервис ОРФ, сегашниот претседател Александар Ван дер Белен треба да биде реизбран по денешните избори...

Според првите изборни проекции на австрискиот јавен сервис ОРФ, сегашниот претседател Александар Ван дер Белен треба да биде реизбран по денешните избори.

Професорот по економија за вториот мандат освоил околу 55 насто од гласовите. На второ место со речиси 19 насто освоени гласови е кандидатот на ултралесната Партија на слободата, Валтер Розенкранц.

Ова се првичните резултати од изборите во Австрија, по изброените 60 насто од гласовите. За првпат во изборната трка за шеф на државата се кандидирале седум мажи, без номинација на жена кандидат за претседател на Австрија.