Шпанија

Моравјецки: Европа е наднационално чудовиште

09.10.2022 20:01

Премиерот на Полска Тадеуш Моравјецки ја критикуваше Европската унија поради заспаност во однос на руската агресија во Украина. Тој ги обвини европските елити дека и верувале на Москва сметајќи ја за партнер од доверба...

Премиерот на Полска Тадеуш Моравјецки ја критикуваше Европската унија поради заспаност во однос на руската агресија во Украина. Тој ги обвини европските елити дека и верувале на Москва сметајќи ја за партнер од доверба.

Најголемиот предизвик за цивилизацијата е Русија, изјавил Моравјецки дополнувајќи дека Европската унија станува наднационално чудовиште која не се почитува сопствената традиција, вера и култура.

Полскиот премиер го искажал ставот на Конгресот на шпанската Конзервативна партија Вокс, на којшто присуствувале и лидерката на браќата на Италија, партија која победи на последните избори, како и поранешниот американски претседател Доналд Трамп.