Сончево со умерена облачност, температурата до 25 степени
Денеска во Македонија времето ќе биде сончево со умерена облачност. По одделни котлини има услови за појава на слаба утринска магла...

Денеска во Македонија времето ќе биде сончево со умерена облачност. По одделни котлини има услови за појава на слаба утринска магла.
Попладне облачноста ќе се зголемува од западот од земјата, каде што преку ноќта ќе започнат врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Утринските температури се движат од 3 степена во источните и западни планински области, до 10 Целзсиусови степени во јужните региони. Максималните дневни температури соодветно ќе се движат од 17 до 25 Целзисувови степени.
Во Скопје и околината денеска, исто така, ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
