Македонија
Владата размислува да го продолжи летното сметање на времето
10.10.2022 08:32
Владата на Северна Македонија на синоќешната седница го задолжи Министерството за економија да ја разгледа можноста за продолжување на летното сметање на времето...

Владата на Северна Македонија на синоќешната седница го задолжи Министерството за економија да ја разгледа можноста за продолжување на летното сметање на времето, со цел дополнителни заштеди во општата потрошувачка на електрична енергија.
Зимското сметање на времето започнува на 30 октомври, но неизвесно е дали граѓаните на Северна Македонија ќе ги поместат стрелките еден час наназад.
