Политика
Владата денеска ќе ја испрати во Собранието номинацијата на Пенов за министер
10.10.2022 08:39
Владата денеска ќе ја испрати во Собранието номинацијата на Ристо Пенов за нов министер за локална самоуправа...

Владата денеска ќе ја испрати во Собранието номинацијата на Ристо Пенов за нов министер за локална самоуправа. Ова вчера го најави премиерот Димитар Ковачевски на прес-конференцијата во Владата, на која беше најавен новиот пакет за најранливите категории на граѓани и компаниите.
Среќен сум што Ристо Пенов е предложен, го сметам за еден од најдобрите градоначалници во Македонија. Има успешни проекти. Прво ќе оди оставката па избор на нов министер, претходно изјави Ковачевски.
