Путин свика седница на Советот за безбедност
Серија експлозии во центарот на Киев. Рускиот претседател Владимир Путин тврди дека Украина организирала терористички напад врз Кримскиот мост што ги поврзува Русија и Полуостровот кој беше анектиран во 2014 година. За денеска побара седница на рускиот Совет за безбедност...

Серија експлозии во центарот на Киев. Рускиот претседател Владимир Путин тврди дека Украина организирала терористички напад врз Кримскиот мост што ги поврзува Русија и Полуостровот кој беше анектиран во 2014 година. За денеска побара седница на рускиот Совет за безбедност.
Киев не ја презеде одговорноста за експлозијата во која имаше и жртви, а била предизвикана од камион-бомба. За руско-украинскиот конфликт разговарале и американскиот претседател Џо Бајден и германскиот канцелар Олаф Шолц.
Ја осудија руската анексија на четирите украински региони каде руското и рускојазичното мнозинство на референдуми пред две седмици се изјасни за присоединување на Русија што Западот не го признава, како и за наводните нуклеарни закани од Москва.
