Австрија
Победа на Ван дер Белен на претседателските избори
10.10.2022 09:28
Александер Ван дер Белен останува на претседателската функција во Австрија...

Александер Ван дер Белен останува на претседателската функција во Австрија. „Мојата главна цел е да бидам доверлив“, изјави 78-годишниот политичар кој според неофицијалните резултати освоил 54,6% од гласовите.
На второ место е кандидатот на десничарската ФПО, Валтер Розенкранц, кој освои 18% гласови. Останатите петмина кандидати на своето конто имаат едноцифрени проценти гласови. Одзивот на изборите беше 65%.
