Во Република Српска протести поради изборна измама од Додик
Илјадници поддржувачи на опозицијата во српскиот ентитет Босна и Херцеговина се вратија на улиците за да протестираат против резултатите од неодамнешните претседателски избори, обвинувајќи за измама и барајќи повторно пребројување на гласовите...

Илјадници поддржувачи на опозицијата во српскиот ентитет Босна и Херцеговина се вратија на улиците за да протестираат против резултатите од неодамнешните претседателски избори, обвинувајќи за измама и барајќи повторно пребројување на гласовите.
Според нив, Јелена Тривиќ од ПДП, го победила долгогодишниот националистички лидер Милорад Додик на изборите на 2-ри октомври.
Тој ги негираше обвинувањата за изборна измама. Додик е најмоќниот политичар во Република Српска, има блиски односи со рускиот претседател Владимир Путин, и е санкциониран од САД и Британија поради наводниот обид да ги поткопа мирот и стабилноста во земјата.
