Македонија
Битолчанецот Ѓорѓевски доби ослободителна пресуда за убиството на зетот, делото го направил во самоодбрана
10.10.2022 12:29
Битолчанецот Тони Ѓорѓевски – Фердо доби ослободителна пресуда за убиството на зетот, за кое тврдеше дека го сторил во самоодбрана на неговата ќерка...

Битолчанецот Тони Ѓорѓевски – Фердо доби ослободителна пресуда за убиството на зетот, за кое тврдеше дека го сторил во самоодбрана на неговата ќерка.
Судот ја прифати ваквата одбрана, односно дека Ѓорѓевски го сторил делото во самоодбрана и нужна одбрана. Пресудата е донесена осум месеци по настанот.
Ѓоргиевски додека траеше истрагата беше во притвор. Неговото семејство организираше и протест, на кој бараше слобода за битолчанецот. Битолското обвинителство го товареше за убиство.
