Северна Кореја
Ким лично ги надгледувал неодамнешните воени тактички вежби
10.10.2022 12:37
Северна Кореја потврди дека извршила неколку тестови на тактичко нуклеарно оружје...

Северна Кореја потврди дека извршила неколку тестови на тактичко нуклеарно оружје. Симулациите на тактички нуклеарни напади беа лично надгледувани од шефот на државата Ким Џонг Ун.
Овие тестови се одговор на неодамнешните заеднички американско-јужнокорејски маневри во регионот. Пјонгјанг ги смета за потенцијална закана и вежба за инвазија, иако САД и Јужна Кореја постојано велат дека тие се од одбранбена природа.
