Иран
Иран ги повика странските посетители да го почитуваат законите
10.10.2022 12:41
Странските посетители во Иран треба да ги почитуваат законите на Исламската Република, изјави портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи...

Странските посетители во Иран треба да ги почитуваат законите на Исламската Република, изјави портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи.
Паралелно, продолжуваат протестите поради смртта на една жена во полицискиот притвор за која Техеран ги обвини „странските непријатели“.
Антивладините демонстрации што избија на 17-ти септември, се претворија во најголемиот предизвик за иранските свештенички лидери во последните години, при што многумина повикуваат на пад на врховниот водач, ајатолахот Али Хамнеи.
