Формирање репрезентативен синдикат
Ниските лични доходи, тешката материјална состојба и недостатокот од секаков вид на кадар причина вработените од Битолскиот универзитет да ја започнат иницијативата за формирање на репрезентативен синдикат кој дава безрезервна поддршка на синдикатот на УКИМ и заеднички настап пред релевантните институции за подобрување на алармантната состојба во високото образование...

Проблемите тиштат по повеќе основи. Од висината на личните доходи па се до обезбедување на најосновниот административно технички кадар велат од иницијативниот одбор за формирање на репрезентативен синдикат на УКЛО. Срамно е да се каже дека платата на вонреден професор е двојно поголема од минималната, а личниот доход на ненаставниот кадар е нешто над минималецот. Потпишаниот колективен договор со СОНК даде некои финансиски бенефит но тоа е сосема малку, велат ќе бараме нивелирање на платите согласно стапката на инфлација.
Речиси сите единици на универзитетот се соочуваат со недостаток на кадар од секаков вид. Две третини од факултетите немаат правник, а за каков високообразовен и истражувачки процес станува збор кога многу професори немаат ниту асистент ниту демонстратор.
Дуковски вели дека наскоро ќе биди регистриран синдикатот и дават целосна поддршка на синдикатот на УКИМ со кој веќе во среда имаат состанок за заедничко делување.
Стевче Митревски
