Занаетчиска комора

Занаетчиите бараат поддршка за надминување на кризата

10.10.2022 13:41

Наместо индустриска занаетчиите да плаќаат електрична енергија како домаќинства или да добијат субвенции, се барањата на Занаетчиската комора, која посочува дека дејноста е во многу лоша состојба. Со оваа антикризна мерка би биле опфатени 6.000 занаетчии на ниво на државата. Во спротивно велат се заканува затворање на бројни занаетчиски дејности...

Соочени со тешката енергетска криза, занаетчиите бараат поддршка за надминување на состојбата. Занаетчиската комора на Македонија бара од Владата педесет отсто од електричната енергија да биде субвенционирана за регистрираните занаетчии или да се намалат тарифите за индустриска струја, односно овие лица да се категоризираат како домаќинства. Оттаму велат ваквите мерки ќе влијаат на ликвидноста и ќе се зачувуваат работните места.

15 квадрати просторија кои се во слободен пазар занаетчиите плаќаат по 30-40 илјади денари, затоа рекламите на излозите во моментов се исклучени. Доаѓаат во регионалните комори и бараат да се затворат, затоа што не можат да ја платат само струјата-нагласи Агрон Фазлији, претседател на Занаетчиска комора на Македонија.

Од комората посочуваат дека станува збор за околу 6.000 занаетчии на ниво на државата. Повеќето од нив велат се семејни бизнис, во кои работат по двајца или тројца членови.

Доколку не се случи ова гарантирам дека до нова година како почнаа цените на електрична енергија да растат, мислам дека 50 проценти односно ако е тоа како што е сега, 100 проценти ќе ги затворат своите дејности-дополни Фазлији.

Од Занаетчиската комора се надеваат дека во новиот пакет мерки Владата и Министерството за економија, ќе ги прифатат нивните барања и ќе и помогнат на дејноста за надминување на тешката економска криза.

Елена Георгиевска