Во Државната изборна комисија денеска гласаат членовите на избирачките одбори

23.04.2014 16:39

Во Државната изборна комисија денеска гласаат членовите на избирачките одбори кои в сабота треба да го спроведат гласањето за вториот круг од претседателските и предвремените парламентарни избори закажани за во недела. Во избирачкиот список се запишани 326 гласачи. Портпаролката на ДИК Билјана Јовановска информира дека гласањето се одвива нормално, без прекин и проблеми.
Во дијаспората на предвремените парламентарни избори ќе гласаат 27.828 гласачи, додека за вториот круг од претседателските 8.332.

Вкупно право на глас за предвремените парламентарни избори, според Избирачкиот список, имаат еден милион 780 илјади и 128 гласачи, додека за вториот круг од претседателските избори еден милион 779 илјади и 572 гласачи.