Македонија

Владата размислува годинава да го задржи летното сметање на времето поради заштеда на струја

10.10.2022 14:24

Владата ги разгледува можностите за евентуално продолжување на летното сметање на времето, заради дополнителни заштеди во потрошувачката на струја. Конечната одлука до крајот на месецов...

Министерството за економија во наредните денови треба да ги разгледа можностите околу евентуално продолжување на летното сметање на времето, со цел – заштеди во потрошувачката на електрична енергија. Според граѓаните, оваа мерка нема да вроди со плод.

Министерот за економија, Крешник Бектеши, најави дека до крајот на неделата би требало да бидат готови анализите што ги прави Министерството за економија за можноста да остане летното сметање на времето со цел поголеми заштеди на електричната енергија.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, смета дека останувањето на летното сметање на времето нема да смени повеќе од 2 до 3% заштеда на електричната енергија.

Со промената на времето се добива повеќе дневна светлина во утрата, но и порано стемнување во попладневните часови.

Летното сметање на времето треба да заврши на 30-ти октомври, кога стрелките на часовникот ќе се вратат еден час наназад, односно 3 часот по полноќ ќе се смета дека е 2 часот.

Александра Спировска