Партии

ВМРО-ДПМНЕ со нов пакет мерки, СДСМ задоволни од досегашните

10.10.2022 14:35

ВМРО-ДПМНЕ предлага нов пакет мерки, наменети за стопанството, компаниите и за граѓаните. Мицкоски бара Владата да го прифати. Смета дека антикризните мерки се недоволни и се маркетиншки трик. Владата, предводена од СДСМ, низ целиот кризен период од почетокот на годината па до сега, презема ефикасни и навремени мерки за поддршка на граѓаните и стопанството, велат од владејачката партија...

ВМРО-ДПМНЕ предложи нов пакет мерки за помош на стопанството, компаниите и граѓаните. Мицкоски вели дека владините антикризни мерки се недоволни и маркетиншки трик за замајување на јавноста. ВМРО-ДПМНЕ предлага вишокот струја што го произведува ЕСМ, во ноќта и викендот да бидат отстапени на стопанството по произведена цена од околу 80 евра за мегават час. Се предлага и викенд без ДДВ за основните прехранбени производи и да се одложи скалестото оданочување на личниот доход до крајот на идната година.

Владата, предводена од СДСМ, низ целиот кризен период од почетокот на годината па до сега, презема ефикасни и навремени мерки за поддршка на граѓаните и стопанството, велат од владејачката партија. За социјалдемократите пакетот од над 350 милиони евра ќе донесе бенефит за најранливите категории и компаниите.

Дел од владините антикризни мерки треба да го поминат собранискиот филтер. Мицкоски пак побара брза реакција од Владата и прифаќање на пакетот мерки од ВМРО-ДПМНЕ.

Игор Панов