Металург победнички на Филип Втори
Во првото дерби на 29-тото коло на првата македонска фудбалска лига, екипата на Металург го совлада лидерот Работнички со 2-1 и се израмни со него на врвот на табелата со 53 бодови.
Очекувано, дербито мина во тврда игра, без многу шанси, но со допадлив фудбал и три погодоци.

Дека нама да се бранат гостите од Автокоманда покажаа уште на стартот кога Симоновски се закани кон голот на Работнички, а веќе во 5-тата минута Металург поведе со 1-0. Стевановиќ ја искористи статичноста на домашната одбрана , создаде позиција за удар и прекрасно од 20-тина метри пласира крај Баснарков.
Слично врати и Работнички. Сулејманов се „прошета“ низ противничката одбрана и од непосредна близина на првата статива асистираше за израмнувачкиот гол на Илијоски.
Металурзите предноста ја вратија на крајот на првото полувреме. Симоновски беше соборен во противничкиот шеснаесетник и веднаш потоа рутинирано реализира од белата точка за водство со 2-1.. Тоа беше и конечниот резултат, иако во второто полувреме прво Симоновски пропушти убава шанса за поубедливо водство на Металург, а во најфудбалскиот момент на средбата Илијоски со прекрасен прием и шут од далечина не успеа да израмни само поради прекрасната интервенција на Ефремов.