Владата одобри стратешки инвестициски проект од 211 милиони евра во областа на енергетиката
Вредноста на инвестицијата се предвидува да биде 211 милиони евра и според предвиденото, се состои од постројка за електрична енергија и топлинска енергија. Годишното производство на електрична енергија се очекува да изнесува околу 1.150 GWh и околу 275 GWh топлинска енергија, коишто, се очекува да бидат испорачани во соодветните енергетски системи (МЕПСО и системот за пренос на топлина на Град Скопје)...

Владата денеска ја одржа 89-тата седница .
На седницата е донесена одлука за утврдување статус на стратешки инвестициски проект, за проектот „Митилинеос“ Когенеративна постројка Скопје“ на Друштвото за производство на електрична и топлинска енергија Митилинеос ДООЕЛ Скопје.
Вредноста на инвестицијата се предвидува да биде 211 милиони евра и според предвиденото, се состои од постројка за електрична енергија (со моќност 90-105 MW) и топлинска енергија (со моќност од 135-150 MW). Годишното производство на електрична енергија се очекува да изнесува околу 1.150 GWh и околу 275 GWh топлинска енергија, коишто, се очекува да бидат испорачани во соодветните енергетски системи (МЕПСО и системот за пренос на топлина на Град Скопје).
Одлуката на Владата е донесена по објавен Јавен повик од страна на Владата на Република Северна Македонија, на 31.01.2022 година, за поднесување барање за утврдување на статус на стратешки инвестициски проект и по соодветно разгледување на поднесеното барање, од страна на Комисијата за стратешки инвестициски проекти.
Донесената одлука е во насока на определбите на Владата за создавање услови за зголемување на домашното производство на електрична и топлинска енергија.
