Колку е значајно цвеклото за нас?
Цвеклото е полно со витамини и минерали, а има многу малку калории и масти. Тоа исто така, содржи и неоргански нитрати и пигменти, кои и обата имаат бројни здравствени придобивки, а најефикасниот лек за замастен црн дроб и дебело црево е токму вареното цвекло...

Цвеклото е коренест зеленчук познат и како црвена репка, трпезна репка, градинарска репка или само цвекло. Преполно со есенцијални хранливи состојки, цвеклото е одличен извор на растителни влакна, фолати (витамин Б9), манган, калиум, железо и витамин Ц.
Цвеклото може да го намали крвниот притисок, што може да доведе до намален ризик од срцеви заболувања и други болести. Овој зеленчук исто така може да ја подобри снабденоста на организмот со кислород, издржливоста и перформансите од вежбањето.
Цвеклото е полно со витамини и минерали, а има многу малку калории и масти. Тоа исто така, содржи и неоргански нитрати и пигменти, кои имаат бројни здравствени придобивки, а најефикасниот лек за замастен црн дроб и дебело црево е токму вареното цвекло.
Како што старееме, нашиот метаболизам започнува да се успорува, а како што би рекле постарите и „да попушта“. Во подоцнежните години сме повеќе ранливи и поподложни на болести отколку во младоста кога организмот е здрав и силен. Но, важно е за здравјето да се грижиме и кога не сме болни, а не само кога тоа ќе се наруши.
