„Современи екосистеми“ во МСУ
Италијанските уметници Роберто Геци и Антонио Масаруто го заокружија своето уметничко истражување на националниот парк Шар планина и создадоа уникатни скулптури и инсталации со кои реализираа изложба со наслов „Современи екосистеми“ во Музејот на современа уметност во Скопје...

Италијанските уметници Роберто Геци и Антонио Масаруто го заокружија своето уметничко истражување на националниот парк Шар планина и создадоа уникатни скулптури и инсталации со кои реализираа изложба со наслов „Современи екосистеми“ во Музејот на современа уметност во Скопје.
Имено, по повод осумнаесеттото издание на италијанскиот ден на современа уметност, 8-ми Октомври, Амбасадата на Италија и Италијанскиот институт за култура во Белград, во соработка со Музејот на современата уметност во Скопје, го реализираа овој проект кој е всушност своевиден дијалог помеѓу уметноста и екологијата кој уметниците Геци и Масаруто го направија во соработка со студентите од Катедрата за уметност и дизајн при универзитетот во Тетово.
Темата на проектот е врзана исклучиво за животната средина со единствена цел да ја подигне јавната свест за важноста и зачувувањето на природата, а односно природното наследство на Северна Македонија. Изложбата ќе трае до 26-ти октомври, дел од експонатите ќе бидат донирани на Музејот на современа уметност и на другите институции кои се вклучени во проектот, а некои од инсталациите ќе бидат оставени на Шар планина, каде што и се создадени, како симбол на затворање на природниот циклус.
