Во Прилеп вечерва почнува одбележувањето на Денот на народното востание
Со традиционалниот импровизиран напад на некогашниот участок пред меморијалниот музеј „11 октомври“ и со огномет, вечер Прилеп го почнува одбележувањето на Денот на народното востание и 81 година од почетокот на антифашистичката борба...

Со традиционалниот импровизиран напад на некогашниот участок пред меморијалниот музеј „11 октомври“ и со огномет, вечер Прилеп го почнува одбележувањето на Денот на народното востание и 81 година од почетокот на антифашистичката борба.
Утре на празникот, владина делегација, предводена од министерката за култура Бисера Костадиновска - Стојчевска, делегација на борците од општината, здруженија и граѓани ќе положат цвеќиња и ќе се поклонат пред споменикот на Методија Андонов Ченто и на „Могилата на непобедените“. Централниот настан е во Куманово, пред спомен-костурницата, на кој ќе говори премиерот Ковачевски.
