Ден на народното востание

Пендаровски одликуваше 13 истакнати дејци со Медал за заслуги

10.10.2022 20:44

Тринаест истакнати доајени на македонската народна музика, одликувани со медал за заслуги заради придонесот што го оствариле во афирмација на македонскиот фолклор. Медалите во име на 11–мина постхумно одликувани ги примија нивните семејства...

Тринаест истакнати доајени на македонската народна музика, одликувани со медал за заслуги заради придонесот што го оствариле во афирмација на македонскиот фолклор. Пеце Атанасовски, Никола Бадев, Мирвет Беловска, Анка Гиева, Ајри Демировски, Васка Илиева, Вања Лазарова, Кирил Манчевски, Тале Огненовски, Кочо Петровски, Александар Сариевски, Виолета Томовска и Јонче Христовски добија високо државно признание од шефот на државата Пендаровски, кој не штедеше зборови за да ја потенцира важноста на наследството што им го оставиле на идните генерации.

Медалите во име на 11–мина постхумно одликувани ги примија нивните семејства.

Пејачката Виолета Томовска констатира дека песните што ги испеале нејзините колеги освен што го збогатиле фолклорот и денес и се омилени на публиката.

Манифестацијата финишираше со настап на ансамблот „Танец“, со кој своевремено настапувале поголемиот дел од одликуваните музички ѕвезди.

Анита Димитријевска Велковска