Министерот Бектеши на неформален состанок на Советот за енергетика на ЕУ во Прага
Министерот за економија Крешник Бектеши од денеска до среда (11 и 12 октомври) ќе биде во посета на Прага, Република Чашка каде што ќе присуствува на Неформален состанок на Советот за енергетика на Европската унија кој е организиран од чешкото претседателство со Советот на ЕУ...

Министерот за економија Крешник Бектеши од денеска до среда (11 и 12 октомври) ќе биде во посета на Прага, Република Чашка каде што ќе присуствува на Неформален состанок на Советот за енергетика на Европската унија кој е организиран од чешкото претседателство со Советот на ЕУ.
На неформалниот министерски состанок на кој покрај земјите членки на ЕУ ќе присуствуваат и земјите од Западен Балкан ќе се разгледува патоказот за понатамошни активности за справување со високите цени на енергијата како и за обезбедување на природен гас по достапни цени за потрошувачите во Европа.
Тема на разговор на состанокот ќе биде и потенцијалните насоки за реформирање на пазарот на електрична енергија.
