Израел

Палестинци под опсада на израелските сили во Ерусалим

11.10.2022 11:41

Десетици илјади Палестинци во источен Ерусалим под опсада на израелските сили кои бараат лица осомничени за напад врз нивната војска...

Десетици илјади Палестинци во источен Ерусалим под опсада на израелските сили кои бараат лица осомничени за напад врз нивната војска. Во последните два дена ги блокираа влезовите на неколку населби.

Меѓу бараните е и Палестинецот Одај Тамими од бегалскиот камп Шуфат.

Неговото семејство е уапсено, а приведени сè уште три лица осомничени за нападот во саботата во кој загина еден, а беа повредени двајца израелски војници.