Корејски полуостров

Сеул: Засилена соработка со САД и Јапонија

11.10.2022 11:41

Сеул потврди дека војската е подготвена да лоцира и пресретнува разни проектили од северниот сосед...

Јужна Кореја ќе ја засилува безбедносната соработка со САД и Јапонија. „Северна Кореја постојано ги развива и унапредува своите нуклеарни капацитети и сега веќе е закана и за целиот свет“, изјавија властите на Јужна Кореја.

Сеул потврди дека војската е подготвена да лоцира и пресретнува разни проектили од северниот сосед. Во последните две недели Пјонгјанг зачести со пробите за кои тврди дека се одговор на провокациите од Вашингтон и Сеул.