Иран
Продолжуваат протестите низ курдските региони
11.10.2022 11:42
Се засилуваат и шират антивладините протести во неколку курдски градови во Иран...

Се засилуваат и шират антивладините протести во неколку курдски градови во Иран. На демонстрантите им се придружија и работници од клучните рафинерии на нафта во земјата.
Собирите почнаа по смртта на 22-годишната Махса Амини, која почина во притвор под засега неутврдени околности.
Полицијата тврди дека доживеала инфаркт, а сведоци – дека била физички малтретирана и паднала во кома. Амини беше приведена поради несоодветно носење хиџаб.
