Куманово

Чествувања, 81 година од народното востание

11.10.2022 14:16

Под мотото „На вистинската страна“ во Куманово се одбележа 81 година од народното востание. Да продолжиме напред, победите во минатото, да ги направиме успеси во сегашноста и иднината – порача премиерот Ковачевски. Посочи дека блокадите дома, изолацијата на државата се погрешна страна. Уверува на посветеност на заштита на државните интереси...

Секоја генерација е исправена пред свои предизвици, коишто бараат избор. И никој нема право да го избегнува изборот на која страна ќе застане – кон напред, или во стагнација, во регрес со непредвидливи последици по иднината, истакна во својот говор премиерот Димитар Ковачевски на чествувањето на 81 годишнината од почетокот на народното востание. Нашата битка е да продолжиме по патот на мирот и прогресот, без да дозволиме кој било да ни го попречи тој пат. Ковачевски се осврна и на актуелната политичка состојба во земјата.

Членството во Европската унија е наша стратешка цел. На ЕУ сме и потребни како стабилизирачки фактор во регионот на Западен Балкан-рече премиерот.

11 Октомври не задолжи сите нас да не се откажуваме од нашите национални вредности“, истакна во својот говор градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски. Тој со став- денешните политичари треба да го трасираат европскиот пат, а одлуките не смеат да бидат на штета на националните вредности.

Централното чествување на денот на народното востание 11 Октомври се одржа на Спомен Костурницата во Куманово која ја нагризува забот на времето и ѝ треба реконструкција. Надлежен за реконструкцијата е Министерството за култура.

Миле Ристески