Прилеп

Народното востание од 11 Октомври е победоносното

11.10.2022 14:23

Со почит за загинатите борци и потсетување на историските настани на 11 Октомври 41-та, Прилеп го одбележува денот на народното востание. Сојузот на борците со порака да се почитува минатото како основа за иднината...

Народното востание од 11 Октомври 41-та е првото победоносно од сите борби и востанија на македонските револуционерни генерации. Преку него, АСНОМ и Третиот Илинден – Независноста од 91-та, се создаде македонската држава.

Почитувањето на минатото е основа за иднината, порачаа прилепските борци од Могилата на непобедените во Прилеп, симболот на непокорот и истрајноста каде се моштите на 462 борци.

Прилеп е горд на улогата што ја имал во народното востание и борбата против фашистичкиот окупатор. 11 Октомври е светла точка во нашата историја и празникот значи почит за хероите. Потребна е сплотеност во овие турбулентни времиња.

Одбележувањата почнаа уште синоќа со импровизираниот напад на градот, потсетување на историските настани кога со нападот на тогашниот участок на партизаните од одредот „Гоце Делчев“ беше означен почетокот на народното востание.

Елизабета Митреска