Протест

Оризопроизводителите повторно на протест

11.10.2022 14:48

Жетвата на оризот во е во тек, приносите слаби, откупната цена помала под производната. Оризопроизводителите од кочанско повторно излегоа на протест. Бараат откупна цена од 40 до 45 денари за арпата и 80 денари за белиот ориз. Најава за интервентен откуп на оризот како стратешка култура сè уште нема...

Со откупна цена од 20 до 25 денари за килограм, одиме свесно во загуба од 50 евра по декар и сеидба на пролет нема да има, велат оризопроизводителите. Надлежните утврдија производна цена од 27 денари, но откупувачите не ја почитуваат.

Резултати од разговорите помеѓу Владата и откупувачите сè уште нема. Заради тоа стагнираат и жетвените активности.

Дел од оризопроизводителите размислуваат да се преориентираат на производство на други култури. Со 70 насто поскапени репроматеријали и со актуелната откупна цена, велат нема економска логика да се произведува ориз.

Од оризот во кочанско егзистираат околу 4.000 семејства. Најавија продолжување на протестите и блокада на патиштата и наредните денови.

Славица Величковска