ЕУ и НАТО интеграции

23.04.2014 17:14

Проблемот со името што Грција и го наметнува на Македонија е единствената пречка зошто нашата земја не е членка на ЕУ и на НАТО. Иако ги исполни сите критериуми, сепак изостанува поканата за почеток на преговорите, а тоа е поради притисокот што го прави нашиот јужен сосед врз меѓународната заедница цврсто лобирајќи дека е конструктивен преговарач за името, што наполно не е точно – анализираат експерти за МТВ

Петте позитивни извештаи на ЕК се релевантен показател дека земјата може да продолжи напред кон интеграцијата – смета професорот Славевски.

Визната либерализација е само една од придобивките што ги чувстуваат граѓаните, а која следуваше откако европскиот фактор констатира дека земјата напреднала во реформскиот процес, велат експертите. За полноправно членство сепак мора да се постигне договор со Грција, иако тоа е невозможно да се реализира за време на нејзиното претседавање со Унијата. Во постизборниот период експертите гледаат нова шанса за Македонија кога ќе се заокружи преговарачките линии со кои ќе истапи во новата рунда преговори.

 

Анита Димитријевска