Медитеран

Историски договор меѓу Израел и Либан

11.10.2022 16:25

Израел и Либан постигнаа историски договор за спорот за морската граница кој се однесува и на поделбата на изворите на нафта и гас во овој дел од Медитеранот...

Израел и Либан постигнаа историски договор за спорот за морската граница кој се однесува и на поделбата на изворите на нафта и гас во овој дел од Медитеранот.

Според либанскиот претседател Аон, конечната понуда ги исполнува барањата, и ги штити правата за природни богатства.

Израелскиот премиер Лапид очекува финансиска инјекција во економијата и гаранција за стабилност на северната граница. И либански Хезболах даде зелено светло за договорот постигнат со посредство на САД.