САД
Блинкен го поздрави договорот меѓу Израел и Либан
12.10.2022 09:19
Вашингтон го поздрави историскиот договор меѓу Израел и Либан за морската границ. Според Блинкен, договорот е корисен за безбедноста на двете страни, но и за глобалниот енергетски пазар...

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен го поздрави договорот меѓу Израел и Либан за крај на спорот околу морската граница.
Според него, со тоа се унапредува визијата на претседателот Бајден за регион во кој владеат мирот и просперитетот. Блинкен додаде дека договорот е корисен за безбедноста на двете страни, но и за глобалниот енергетски пазар.
Израел и Либан водеа спор за територија од 860 квадратни километри во Медитеранот во кој постојат подземни извори на природен гас.
