Бајден: Путин очигледно погрешно ја проценил Украина
Експлозии во неколку украински градови. Шефот на Кремљ, Путин, изрази подготвеност за дијалог за централата во Запорожје. Американскиот претседател Бајден смета дека неговиот руски колега погрешно ја проценил Украина..

„Владимир Путин очигледно погрешно ја проценил ситуацијата во Украина, како и отпорот на кој ќе наидат руските војници“, изјави американскиот претседател, Џо Бајден. Групата Г-7 на индустријализираните земји вети на вонредниот состанок дека ќе го повикаат рускиот претседател на одговорност за нападите на руската војска која претрпе серија неуспеси во североисточна, источна и јужна Украина.
„Мора да признаеме еден очигледен факт: не може да водиме дијалог со лидерот на Русија, која нема иднина. Самиот тој одби дијалог. И покрај сите напори за мировни преговори со години, тој комуницира со ултиматуми, се однесува со терор кон светот, кон другите луѓе“, изјави претседателот на Украина, Володимир Зеленски.
Во меѓувреме, рускиот претседател Владимир Путин изрази подготвеност за дијалог околу ситуацијата со нуклеарната централа во Запорожје. На средбата со шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија Гроси во Санкт Петербург, изјавил дека во Москва постои загриженост. Гроси треба да се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Киев.
Битките на фронтот продолжуваат. Експлозии во Никоалев, Запорожје и Херсон. Тревога за воздушен напад и во главниот град. Украина од САД доби уште четири системи Химарс.
