Асанж номиниран за наградата „Сахаров“
Асанж водеше долга правна битка за да избегне екстрадиција во САД, кои уште од 2010 година сакаат да му судат заради објавувањето на повеќе од 700.000 доверливи документи на веб-страницата Викиликс, што се однесуваа на активностите на американската војска, особено во Ирак и Авганистан...

Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, е номиниран за наградата „Сахаров“, признание што Европската унија го доделува на поединци и групи за одбрана на човековите права и слободата на мислата.
Асанж водеше долга правна битка за да избегне екстрадиција во САД, кои уште од 2010 година сакаат да му судат заради објавувањето на повеќе од 700.000 доверливи документи на веб-страницата Викиликс, што се однесуваа на активностите на американската војска, особено во Ирак и Авганистан. Во 2019 година од еквадорската Амбасада беше пренесен во затворот „Белмарш“, во близина на Лондон. Покрај него номинирани се и украинскиот претседател Володимир Зеленски и Комисијата за вистина од Колумбија.
Наградата „Сахаров“ првпат беше доделена во 1988 година и го носи името на советскиот физичар и политички дисидент Андреј Сахаров.
