Една третина од светската економија ќе бележи пад оваа или следната година
Според него, повеќе од една третина од глобалната економија ќе се намали во 2023-та година, додека трите најголеми економии, САД, Европската унија и Кина, ќе продолжат да стагнираат. За Западен Балкан за оваа и следната година, како и на среден рок, проекциите се дека повеќето држави ќе се соочат со пад на бруто домашниот производ, додека само неколку ќе имаат раст, но низок...

Една третина од светската економија ќе бележи пад оваа или следната година поради намалувањето на реалниот доход и порастот на цените, прогнозираат од меѓународниот монетарен фонд во есенските прогнози. Во САД, Кина и во еврозоната активноста речиси ќе стагнира, посочува економистот на ММФ, Пјер-Оливие Гуринчас. Според него, повеќе од една третина од глобалната економија ќе се намали во 2023-та година, додека трите најголеми економии, САД, Европската унија и Кина, ќе продолжат да стагнираат.
Накратко, најлошото допрва доаѓа, а за многу луѓе 2023-та година ќе се чувствува како рецесија, вели Гуринчас. Фондот за инфлацијата препорачува реакција на централните банки. Тие треба „одлучно да дејствуваат за да се справат со инфлацијата“, откако речиси веќе нема држава во која процентот на инфлацијата не е двоцифрен.
За Западен Балкан за оваа и следната година, како и на среден рок, проекциите се дека повеќето држави ќе се соочат со пад на бруто домашниот производ, додека само неколку ќе имаат раст, но низок.
Македонија веќе доби аранжман од ММФ во висина од 530 милиони евра. Првите 110 треба да стигнат до крајот на месецот после завршување на сите процедури.
