Нова седница на Економскиот совет
Во Владата, нова седница на Економскиот совет. На маса, справувањето со економската и енергетската криза. Бизнисот бара конкретни мерки за помош на компаниите...

Во Владата, нова седница на Економскиот совет. На маса, ценовниот удар предизвикан од скапите енергенси и спречувањето на неконтролираниот раст на цените. Бизнисот бара конкретни мерки за помош на компаниите, кои предупредуваат дека доколку не се донесат ќе почнат да ги затвораат своите капацитети. Од Владата најавија дека ќе ги обелоденат кон крајот на месецов.
Од ССМ незадоволни од владините антикризни мерки, бидејќи како што велат, со нив не се опфатени работниците. Бараат методологија што ќе овозможи платите да го следат растот на инфлацијата и на синдикалната минимална потрошувачка кошничка.
Пред три дена Владата го објави пакетот мерки, со кој се опфатени најранливите групи граѓани и пензионерите со ниски примања. Дел од нив треба да го поминат и собранискиот филтер.
