САД

Бајден најави последици за Саудиска Арабија поради нафтата

12.10.2022 12:29

Неодамнешната одлука за намалување производството на нафта за два милиони барели дневно, го налути Западот. Намалувањето на производството нафта и зголемувањето на цената на бензините, ја усложнува ситуацијата за американскиот претседател Бајден...

Американскиот претседател Бајден рече дека ќе има последици за Саудиска Арабија по одлуката на земјите од нафтениот картел „Опек плус“ за намалување на производствените квоти.

Неодамнешната одлука за намалување производството на нафта за два милиони барели дневно, го налути Западот. Намалувањето на производството нафта и зголемувањето на цената на бензините, ја усложнува ситуацијата за американскиот претседател Бајден и неговата Демократска партија пред ноемвриските избори за Конгресот.