Свет

Мјанмар: Уште три години затвор за поранешната лидерка Су Чи

12.10.2022 12:34

Оваа е последна во низата пресуди со кои се соочи Су Чи откако беше соборена од власт на 1 февруари 2021 година. Добитничката на Нобеловата награда за мир досега има вкупно 26 години затворски казни...

Поранешната лидерка на Мјанмар, Аунг Сан Су Чи осудена на уште три години затвор, овој пат за корупција. Оваа е последна во низата пресуди со кои се соочи Су Чи откако беше соборена од власт на 1 февруари 2021 година.

Добитничката на Нобеловата награда за мир досега има вкупно 26 години затворски казни и тоа за корупција, поттикнување, кршење на правилата за Ковид-19, изборна измама и кршење на актот за службена тајна. Таа обвиненијата ги нарече „апсурдни“ и негираше каква било злоупотреба.